Испечати

Есенски колачиња

Есенски колачиња

Состојки

  • 50 гр ореви
  • 100 гр овесни снегулки
  • 100 гр овесно брашно
  • 1/2 пециво
  • ½ лажиче сода бикарбона
  • ½ лажиче цимет
  • 160 гр тиква (варена или печена)
  • 4 лажици агаве сируп (може друг засладувач по желба)
  • Фил
  • 1 лажица грчки јогурт
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • ½ лажица агаве сируп

Подготовка

Подготвока:

1. Оревите ги блендираме на поситни парченца. Во длабок сад ги ставаме оревите. Ги додаваме овесните снегулки, овесното брашно, пецивото, содата бикарбона, циметот и солта. Промешуваме со лажица. Во смесата ја додаваме тиквата и агаве сирупот.

2. Со рака замесуваме тесто. Формираме мали топиња, кои со дланка ги сплескуваме и ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Јас направив 18. Печeме во загреана рерна на 180 степени, 10 минути. Оставаме да се изладат.
3. Фил- во мал длабок сад ги ставаме грчкиот јогурт, путерот од кикиритки и агаве сирупот. Промешуваме. Ставаме од филот врз колаче и поклопуваме со друго