Тортички со варена тиква
Состојки
- основа
- 120гр мелени бисквити
- 60гр путер
- 1лажица млеко
- 4,5 полни лажици варена и исцедена тиква
- 1 ванила
- 1,2 лажици маџун од рогач
- 3 полни лажици несолена, млечна урда
- Малку цимет
- Прелив
- 100гр темно чоколадо со парчиња портокал
- 100мл слатка павлака
- Фстаци за декорација
Подготовка
Состојки за 2 калапи, со дијаметар 8цм.
Сегогаш во есен во фрижидер, во пластична кутија чувам сварена тиква.
Обично ја варам навечер, па ја ставам во цедалка преку ноќ, да се исцеди од вишок на течност, и утрото ја собирам.
Ја користам за 2,3 дена, за колачи, палачинки зелник...
Еве го денешниот предлог.
Подготовка:
1. Прво ја подготвуваме основата. Го растопуваме путерот. Му ги додаваме бисквитите и млекото. Соединуваме. Смесата ја распоредуваме во 2 калапчиња и ја натапкуваме.
2. Во сад ги соединуваме варената тиква, маџунот, ванилата, циметот, несолената урда. Од кога смесата е изедначена ја распоредуваме во 2 калапчиња врз основата. Оставаме во фрижидер.
3. На тивок оган ја ставаме слатката павлака. Го додаваме кршеното чоколадо. Смесата ја изедначуваме. Ја распоредуваме врз слојот со тиква. Декорираме со сецкани фстаци.
Оставаме во фрижидер да се излади. Внимателно ги отстрануваме обрачите и го сервираме овој ароматичен и вкусен десерт.