Глазирана круша врз ганаш
Состојки
- 1 поголема круша
- 1лажица кафен шеќер
- 30 гр путер
- 1 мешунка кардамом
- 1/4 лажиче цимет
- 50 мл црно вино
- 50 гр темно, белгиско чоколадо, 70%
- 20гр млечни чоколадо
- 80 мл слатка павлака
Подготовка
Превкусен, несекојдневен десерт е мојот предлог денес.
Подготовка:
1. Прво го подготвуваме чоколадниот ганаш. Ја загреваме слатката павлака. Го додаваме и скршеното чоколадо и енергично промешуваме, смесата да се изедначи и да биде сјајна. Оставаме да се излади Од кога ќе се излади, ја матиме со миксер само 7,8 секунди. Треба да биде се уште течна. Ја распоредуваме во 2 чаши.
2. Сега во мало тенџере ја ставаме излупената и на коцки и сецкана круша. Додаваме путер, кафеав шеќер, кардамом и цимет. Оставаме на тивок оган да се крчка 2,3 минути. Го додаваме и виното.
Се готви на тивко, додека цела течност не испари. Ја вадиме мешунката кардамом и глазираните парчиња круша ги нанесуваме врз ганашот. Оставаме во фрижидер да се излади.
Послужуваме