Испечати

Кетина погача

Кетина погача

Состојки

  • 30гр свеж квасец
  • 1лажица рамна, шеќер
  • 1лажиче сол
  • 5лажици масло
  • 220мл топло млеко
  • Околу 450 гр брашно
  • Малку путер, околу 20,30,гр
  • За полнење
  • 70гр коцки кашкавал
  • 70гр коцки чајна
  • за премачкување
  • 1 јајце
  • сусам, сончоглед, чурек
  • Дополнително 9,10 стапчиња од трска.

Подготовка

Погачава настана со моментална инспирација. Замислата на почеток ми беше да правам кифли, но после Стасувањето на тестото, настана овааа моја измислена погача.
Многу сум горда на крајниот исход. Лична, мека, вкусна.

Подготовка:

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активираниот квасец, маслото, сол, и постепено додаваме брашно.
Замесуваме средно меко тесто. Врз него ставаме некоја капка масло, го оставаме на топло, да се дуплира.
3. Прво од тестото одделуваме 10 мали топчиња. Потоа од остатокот на тестото формираме 2 поголеми топки и една помала. Сега измиените и исушени стапчиња од трска ги намрсуваме. Од нив сучиме со рацете траки, кои ги обмотуваме околу трската, по малку нека се преклопуваат. Ги оставаме на страна.
Од двете топки сучиме кори, со димензии на тава бр 26.
4. Врз хартија за печење ја поставуваме првата кора. Па премачкуваме со путер. Распоредуваме кашкавал и чајна. Поклопуваме со другата кора. Сега ги редиме трските, па во средината од малото топче формираме полжавче и го ставаме. Успеав да сместам 9 трски, планирав 10. Тестенцето кое ми остана од 10 трска, го формира во 7-8 мали топчиња, кои ги поставив меѓу трските.
5. Ја покриваме погачата и ја оставаме на топло 30 минути. Потоа ја премачкуваме со разматено јајце. Наросуваме чурек, сусам, сончоглед. Печиме во загреана рерна околу 35 минути. Ја вадиме на кујнска решетка, да се подизлади, па внимателно ги вадиме трските, само потегнуваме, без проблем се вадеа, па ја послужуваме убавинава.

*Забелешка - Во продажба има тенки, чајни колбаси, кои одлично би биле да се стават на местото на трската, но во моментот ги немав. Не беа планирани дека ќе бидат потребни.