Десерт во чаша со ванила пудинг и овошје
Состојки
- основа
- 125гр бисквити со цимет
- 60гр путер
- Крем
- 350мл млеко
- 2,3лажици шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 40гр путер
- По желба и 1 ванила
- Овошен дел
- Круша, банана, филети од портокал
- 50гр белгиско чоколадо, 70%какао маса
Подготовка
Подготовка:
1. Во нутрибулет ги ставаме бисквитите и ги ситниме. Го додаваме растопениот путер. Промешуваме.
Смесата ја распоредуваме во чашите.
2. Сега во тенџере ставаме млеко, шеќер и прашок за пудинг. Промешуваме да нема грутки и вариме на тивок оган, до згуснување. Тргаме од оган и го додаваме путерот. Енергично мешаме, за да се спојат состојките. Оставаме да се подизлади.
3. Сега во секоја чаша ставаме полна лажица од кремот. Ставаме парченца белгиско чоколадо. Овошјето го лупиме и сецкаме на мали коцки. Го соединуваме. Врз кремот, односно врз чоколадото, ставаме полна лажица од овошјето. Нежно притискаме. Остатокот од ванила крем го распоредуваме во чашите. Декорираме со темното чоколадо. Оставаме во фрижидер да се излади, па сервираме вкусен, лесен десерт.
*Забелешка - Потребни се 4 чаши.