Испечати

Млечен леб со путер

Млечен леб со путер

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажице шеќер
  • 1лажице сол
  • 50гр растопен путер
  • 1 јајце
  • 180мл топло млеко
  • На врв на нож пециво
  • Околу 360 до 380 гр брашно
  • 30гр путер
  • 1 јајце

Подготовка

Подготовка:

1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и промешуваме. Оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат квасецот, јајцето, солта, путерот и пецивото. Се промешува. Постепено се додава брашно и се замесува средно тесто. Го покриваме и оставаме на топло да се дуплира.
3. Стасаното тесто го делиме на 2 топки. Од првата топка сучиме правоаголна кора. Ја премачкуваме со растопен путер и ја виткаме во ролат. Од втората топка сучиме потесна правоаголна кора. Ја засекуваме на 14,15 места како на сликата.
4. Земаме прв засек, го протнуваме низ вториот, па третиот итн. Значи ги преклопуваме. Го земаме ролатот и врз него ја нанесуваме втората кора. Краевите ги прибирам навнатре. Го поставуваме лебот во долгнсвест калап, Нека одмори 20 минути. Потоа го премачкуваме со јајце.
5. Го печеме околу 30 минути на 180 с. Испечен го ставаме на решетка, го премачкуваме малку со растопен путер. Од кога ќе подизлади, сечиме на парчиња и сервираме.