Испечати

Меден Колач во Мултикукер 18во1 (посно)

Меден Колач во Мултикукер 18во1 (посно)

Состојки

  • 200 гр Брашно (просеано)
  • 1 м.л. Сода
  • 2 г.л. Какао
  • 1 м.л. (рамна) Цимет
  • 200 мл Вода
  • 150 гр Шеќер
  • 3 г.л. Мед
  • 100 мл Масло

Подготовка

Освен што е брз и лесен за приготвување, овој посен колач исто така е многу вкусен и одлично оди во комбинација со кафе или чај.

Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме следните состојки во наведените количини (брашно, сода, какао и цимет). Мешаме да се соединат.
2. Во мало тенџерче ја ставаме водата и ја доведуваме до точка на вриење. Веднаш ја тргаме настрана, и тука ги додаваме шеќерот, медот и маслото. Мешаме со рачна маталка, додека да се раствори шеќерот.
3. Оваа течна смеса ја додаваме кај смесата со сувите состојки, мешаме со рачна маталка до хомогенизирање или кратко миксираме.
4. Во садот од Мултикукерот на дното ставаме хартија за печење, а од страните премачкуваме со маргарин. Смесата ја истураме внатре и садот го ставаме во Кукерот.
5. Го уклучуваме Мултикукерот на програмата торта (cake) и го подесуваме времето на 1 час и 10 минути.
6. Откако ќе помине тоа време, го отвараме капакот (веднаш ги бришеме капките што се создале на капакот) и со помош на решетката за готвење на пареа, го превртуваме и вадиме колачот. Колачот се остава да се излади врз решетката.
7. Потоа одозгора ставаме шеќер во прав, сечеме парчиња и уживаме во вкусот на овој ароматен колач.

На здравје!