Едноставна торта со кокос
Состојки
- 3 јајца
- 160гр. шеќер
- 210гр. брашно
- 100гр. кокос
- 110мл. масло
- 190мл. млеко
- 15гр. пециво
- 1 ванила
- За премачкување
- 2 полни лажици мед
- За посипување на тортата
- по потреба кокос
Подготовка
Ладните денови започнаа. Оваа е одлична торта во комбинација со топло чајче, а може и со кафе како појадок или ужина.
Подготовка:
1. Изматете ги пенесто јајцата со шеќерот и ванилата. Со постојано матење, на најмала брзина во млаз, додајте го маслото, а потоа и млекото. Откако ќе се соединат додајте го кокосот и измешајте со дрвена лажица или жица за матење. Додајте го и просеаното брашно, измешано со пецивото. Измешајте, додека убаво се соединат сите состојки.
2. Претурете ја смесата во округол калап(20цм). Печете на 180 степени, 40-50 минути. Испечената торта оставете ја да се олади убаво во калапот, а потоа извадете ја и премачкајте ја со растопениот мед. Посипете со кокос.
На здравје.
*Забелешка - Следен пат кога ќе ја правам ќе додадам и сецкано бело млечно чоколадо, ќе биде убава комбинација. Може да пробате и така.