Топла есенска овесна каша
Состојки
- 1 шолја млеко
- 3 лажици тиква ( варена или печена)
- 1 лажиче цимет
- 1 лажица мед
- 1/2 шолја овесни снегулки
- 2 лажици чиа семе
- 1 рака сецкани ореви
- додаток сецкано јаболко, цимет, ореви, путер од кикиритки
Подготовка
За утрешниот доручек подгответе си вкусна, топла, есенска овесна каша. Сигурна сум дека ќе ви се допадне .
Подготовка:
1. Во сад на оган, на средна температура, ги ставаме млекото, тиквата, циметот и медот. Мешаме со жица за матење да се соединат состојките.
2. Ги додаваме овесните снегулки и чиа семето, постојано мешајќи, додека да се сварат овесните снегулки. Ги додаваме оревите. Промешуваме. Како додатоци јас користев јаболко, ореви, цимет и путер од кикиритки.