Брауни колач со тиква
Состојки
- Фил со тиква
- 180г крем сирење
- 100г пире од тиква
- 1 јајце
- 5 лажици шеќер
- 1 лажичка цимет
- пола лажичка морско оревче
- Брауни
- 120г брашно
- 1 лажичка пециво
- 1 лажичка цимет
- 180г темно чоколадо
- 80г путер
- 200г шеќер
- 3 јајца
- 1 ванилин шеќер
Подготовка
Подготовка
1. За филот од тиква, ги матиме сите состојки во подлабок сад со миксер.
2. За брауни колачот, во подлабок сад ги мешаме брашното, пецивото и циметот.
3. Путерот и чоколадото (сецкани) ги ставаме во огноотпорен сад. Ги загреваме во микро на интервали од по 30 секунди, до целосно растопување.
4. Во подлабок сад ги мешаме со маталка јајцата, шеќерот и ванилата. Го додаваме растопеното чоколадо постојано мешајќи. Потоа ја додаваме и мешавината од брашно и пециво дел по дел, исто така мешајќи.
5. Во убаво намрсен калап за печење (30х20цм) истураме половина од смесата за брауни. Потоа го додаваме филот со тиква во рамен слој. Другата половина од брауни смесата со лажица ја додаваме врз филот од тиква, дел по дел. Потоа со помош на нож поминуваме низ смесата, од еден крај до друг, за да добиеме убава шара (како за мраморен колач).
6. Печеме во загреана рерна на 160 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка, треба да излезе чиста. Оставете да се олади барем еден час пред да го сечете колачот.
На здравје!