Испечати

Бомбици со тиква

Бомбици со тиква

Состојки

  • 100 гр кикиритки
  • 50 гр кокосови трошки
  • 100 гр пире од тиква (печена или варена)
  • 3 лажици мед
  • 1 лажиче цимет

Подготовка

Подгтовка:

1. Во блендер ги ставаме кикиритките, ги блендираме додека не се иситнат. Ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме кокосовите трошки, пирето од тиква, медот и циметот. Мешаме да се соединат состојките. 2. Формираме бомбици. По желба ги валкаме во мелени кикиритки или може во растопено темно чоколадо со 70 % какао.

На здравје.