Испечати

Колачиња со фстаци (без печење)

Колачиња со фстаци (без печење)

Состојки

  • 150г мелени фстаци
  • 5 лажици кокос
  • 2 лажици кокосово масло (стопено)
  • 1 лажица кокосово млеко (течна состојба)
  • 2 лажици јаворов сируп
  • ванила арома
  • 40 + 30г чоколадни капки

Подготовка

Подготовка

1. Фстаците, кокосот и чоколадните капки (40г) ги ставаме во подлабок сад и ги мешаме.
2. Ги додаваме кокосовото масло, кокосовото млеко и ванилата, во садот со сувите состојки. Мешаме убаво со лажица до целосно соединување.
3. Формирајте колачиња со раце. Наредете ги колачињата на чинија обложена со хартија за печење и оставете ги во фрижидер најмалку 3 часа.
4. Чоколадото (околу 30г) го растопуваме, а потоа ги мацкаме колачињата од едната страна во него.

На здравје!

*јас користев руби чоколадо, но може да се подготви со било каков тип на чоколадо
*од оваа доза излегуваат 10-12 колачиња
*фстаците треба да бидат околу 150г измерени без лушпа