Испечати

Лажно Шкето

Лажно Шкето

Состојки

  • 2 врзопа магдонос
  • 500 гр спанаќ
  • 300 гр јагнешко месо
  • 1лажица брашно
  • 250 гр кисело млеко
  • 1лажица соли црн бибер

Подготовка

Убава комбинација, старо јадење, јадење од нашите баби. Манџичка која е по мој вкус.

Подготовка:

1. Месото го сечеме на коцки и го вариме во посолена вода. Вариме долго, убаво да се развари јагнешкото месо. Магдоносот убаво го сецкаме на ситно. Потоа го миеме и убаво го сецкаме и спанаќот. Го проверуваме дали е варено месото. Ако е добро варено, ги ставаме магдоносот и спанаќот во тенџерето и оставаме да се вари. Оставаме уште триесетина минути да покрчка.
2. Во кацерола на страна ставаме масло да се рагрее. Во маслото додаваме една полна лажица брашно и ја запржуваме. Запршката ја оставаме на страна да се посмири, а потоа ја додаваме во тенџерето кај месото. Промешуваме и зачинуваме со мелен црн бибер. При служењето додаваме и кисело млеко.
Нека ви е слатко.

( Оваа манџа ја нареков лажно шкето,зашто оргиналниот рецепт е само со магдонос.Јас додадов и спанаќ.)