Испечати

Гулаш со месо од дива свиња

Гулаш со месо од дива свиња

Состојки

  • 1,5 месо од дива свиња
  • 3 лажици свинска маст
  • 500 гр. моркови
  • 250 гр. целер
  • 1 кг. кромид
  • 500 мл. домашен кечап
  • 500 гр. свежи пиперки
  • 1 главица лук
  • 1лажица црвен пипер
  • брашно, ловоров лист, оригано и свеж магданос

Подготовка

Почна сезоната за лов, почнаа и моите кулинарски маки. .Ќе ме разберат оние кои го делат својот живот со ловџија. Е сега вака, за сите кои го немаат мултикукерот како мене, процедурата готвење дивеч ќе биде малку комплицирана, но доколку го имате, вие ќе сте најсреќната ловџиска жена и тогаш се ќе биде по едоставно.

Подготовка:

1. Месото од дива свиња го ставаме ден пред готвење во маринада од вода со чаша оцет и неколку главици кромид. Месото, ситно сецкано, го процедуваме.

2. Во неколку лажици маст го пржиме кромидот и зеленчукот. Го додаваме месото, малку пропржуваме. Заедно со зеленчукот го додаваме домашниот кечап и сите зачини. Во месото налеваме вода поклопуваме и оставаме да се вари на тивко добри три часа.

3. Доколку сакате по манџесто дотурајте врела вода. Во мојот случај, по желба на домашните, лажицата ја заменувам со вилушка, бидејки го сакаат гулашот со што помалку течност и со тоа не ги додавам брашното и црвениот пипер и го избегнувам додатното запржување кое не е и обавезно.
Вкусотиии.