Чорба со пилешко и печурки
Состојки
- 400 гр Пилешки стек
- 200 гр Печурки
- 1 Кромид
- 1 Морков
- 200 гр Павлака
- 100 гр Фиде
Подготовка
Подготовка:
1. Пилешкиот стек ставете го да се вари. Додајте сечени печурки. Стекот изцепкајте го на ситни парчиња.
2. Кромидот и морковот испржете ги во тава додајте ги во тенџере. Се заедно да се вари. Во чорбата ставете фиде. Поварете уште 5минути.
3. Измешајте павлака со лажица брашно и малку вода и истурете во чорба. На крај посолете, додајте црн пипер и зачини по вкус. Ставете ситно сецкан магдонос.
Сервирајте ја чорбата во чинија, со подпечени коцки леб, а украсете со магдонос и печурки.
Добар апетит!