Испечати

Витаминска чорба

Витаминска чорба

Состојки

  • 3 пилешки карабатаци
  • 1 компир
  • 1 целер
  • 3 моркови
  • 5 парчиња бамја
  • 1 стракче праз
  • 1 лажица сув зеленчук
  • 1 лажичка црн бибер
  • 1 жолчка
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 китка магдонос
  • 2 500 мл вода
  • 1 ловоров лист

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабоко тенџере се става водата, батаците, целерот, компирот, ловор, морковите и празот. Се ова се вари околу 35мин. Потоа се сечкаат батаците исто и целиот зеленчук се сечка на коцкички. Се вади ловорот од водата, а се враќаат сите зеленчуци во водата. Овде со рачен блендер малку се блендира, за да биде густа чорбата. А може само и компирот да се изгмечи да се добие во густина. Сега се ставаат сите зачини и исечканата бамја. Се остава да поврие 10мин .
2. Настрана се мати жолчка со кисела павлака и малку течност од чорбата. Се додава во чорбата и се исклучува. На крајот се додава исечканиот магдонос.

*Забелешка - Целерот, бамјата и празот и даваат прекрасен вкус на чорбата. Направете ја.