Испечати

Далгона бонбони

Далгона бонбони

Состојки

  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сода бикарбона (или прашок за пециво)
  • хартија за печење и 1 модла за колачи

Подготовка

Squid Game или Игра на лигњи, е неверојатна (ако не и најзастрашувачка) Јужно Корејска серија која стана популарна преку ноќ во сите краеви на светот. Можеби една од најпознатите епизоди од вкупно 9, е епизодата 2, кога натпреварувачите се борат да ги исечат формите направени од крцкав шеќер, познати како Далгона. Далгона бонбоните се прават низ многу Корејски улички и е многу популарно уживање кај децата. Подготовката е многу едноставна и ќе ви требаат само неколку минути. Потребно ви е шеќер и сода бикарбона (или прашок за пециво).

1. Шеќерот растопете го до килибарна боја (мешајќи, за да избегнете кристализација), а потоа додадете сосема малку (прстофат) сода бикарбона. Содата реагира со врелиот шеќер и прави мали меурчиња со воздух, за да формира крцкава, убава бонбона.

2. Истурете го врелиот шеќер на хартија за печење и одозгора втиснете ја саканата форма (може да користие калапчиња со колачи). Бонбоната не треба да се оддели од останатиот шеќер, туку треба да остани на парчето. Потоа можи со помош на чепкалка за заби да се извади формата.