Јунешки гулаш
Состојки
- 5 лажици маслиново масло
- 700 г говедско месо, исечкано на мали парчиња
- 30 г пченкарно брашно
- 1 поголем кромид исецкан ситно
- 2 чешниња лук ситно сецкани
- 1 чаша доматен сос
- 1 лажица црвена пипер
- 1/2 лажичка црн бибер
- 1 лажица вегета
- 2 шоли вода (можи 1 шола вино)
- 1 телешка коцка за супа
- 2-3 ловорови листови
- сув магдонос или свеж
Подготовка
Долго време барав добар рецепт за гулаш. Отсекогаш сакав да го постигнам автентичниот унгарски вкус на гулаш, откако еднаш го пробав во Будимпешта и верувам дека го постигнав тоа со овој рецепт. Гулашот едноставно беше фантастичен, неверојатен. Го комбинирав со печен ориз, иако може одлично да оди и со тестенини. Можете да додадете моркови и пиперки во составот, јас не ставам зашто децата не ми ги сакаат.
Подготовка
1. Загрејте во поголемо тавче 2 лажици маслиново масло. Парчињата говедско месо испрпелкајте ги во пченкарно брашно и ставете половина да се пржат во тавчето колку да поруменат, од секоја страна. Повторете го истото со другата половина од месото. Ако имате многу големо тавче, тогаш испржете ги сите заедно. Заруменетото месо тргнете го на страна.
2. Додадете ја преостанатата 1 лажица масло во тавчето, додадете го кромидот и лукот. Пржете додека не омекне, околу 5-10 минути. Вратете го говедското месо во тавата и додадете го сосот од домати и 1 лажица црвена пипер. Додадете црн пипер. Гответе, мешајќи, 2 мин.
3. Додадете ја говедската коцка со жешката вода. Додадете вегета и ловорови листови.
Покријте и варете на тивок оган 2 часа. Повремено мешајте и ако треба повеќе вода, додадете ја. Ако сакате погуст сос, растворете 1 лажица брашно во 1 филџан вода и додадете ја кон гулашот пред самиот крај, нека вари уште неколку минути.
Пред сервирање посипете сув или свеж магдонос.
Комбинирајте со ориз, пире или тестенини.
На здравје.