Испечати

Колач со ореви и урми (без брашно)

Колач со ореви и урми (без брашно)

Состојки

  • 300г ореви
  • 1 лажичка цимет
  • 100г шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 1 лажица ванила арома
  • прстофат сол
  • 100г сецкани урми
  • 80г темно чоколадо
  • 4 лажици путер
  • 1 лажица мед
  • ореви за декорација

Подготовка

Подготовка

1. Оревите заедно со циметот и половина од шеќерот ги обработуваме во процесор за храна, додека оревите убаво да се сомелат.
2. Јајцата ги двоиме, жолчките ги мешаме со жица заедно со ванилата и кората од портокал.
3. Белките ги матиме со солта и остатокот од шеќерот во цврст снег. Во изматените белки ги додаваме жолчките и мешаме со лажица, ги додаваме и урмите а на крај и мелените ореви. Кога се е убаво измешано ја префрламе смесата во намрсен калап за печење (24цм). Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. По печењето го оставаме колачот 10 минути во калапот, а потоа го вадиме и го оставаме целосно да се олади.
4. За глазурата - путерот, медот и чоколадото ги додаваме во огноотпорен сад и ги растопуваме на пареа. Оставаме да се олади 20 минути, а потоа го истураме преливот врз колачот. Декорираме со ореви.

На здравје!