Салата со пченица и фиде
Состојки
- 1лажица фиде
- 200 гр пченица
- 1главица кромид
- 2 пиперки
- 3лажици доматно пире
- 1лажица сенф
Подготовка
Подготовка:
1. Пченицата ја мелиме во сецкото и ја ставаме да зоврие. Во водата го ставаме и фидето. Нека зоврие и тргнете од оган и оставете да нарасне. Кога ќе си ја упие водата и е готова, оставете да се излади.
2. Во тава на оган запржете го кромидот и пиперката, а потоа додајте го сенфот, доматното пире и зачинете по вкус. Помешајте ја варената пченица. Ако ви е малку додадете доматно пире. Салатата е готова.
Нека ви е слатко.