Чоко-палачинки
Состојки
- 1ред чоколада
- 4 јајца
- 4 банани
- 12 лажици овесни снегулки
- 2 лажици какао
- 1/4лажиче пециво
- 200мл по потреба вода
Подготовка
Подготовка:
1. Сите состојки измиксајте ги. Изрендајте 1 ред чоколада. Добиената смеса треба да не е многу течна.
Ако го користите апаратот за палачинки,нема да имате потреба од намастување на истиот. Само приклучете го и ставајте од смесата која ја измиксавме.
2. Јас ставав по мали кругови, да извадам мали американски палачинки. Не ги филував наеднаш, туку го спремив намазот, па постепено, една по една ги премачкував при јадењето. Нека ви е слатко.
На здравје