Кисела зеленчук салата во тегла
Состојки
- 1кг корнишони
- 1китка карфиол
- 1кг моркови
- Течност
- 1,750мл вода
- 300мл оцет
- 50гр сол
- 75гр шеќер
- 1/3лажиче конзерванс
- 1/3лажиче винобран
- 1паковка зрно бибер, ловор лист
Подготовка
Вкусна салата без која не си ја замислувам зимата. Во мојот роден крај ја спремав на различни начини и ја имав во големи количини. Сега спремам помалку, но сепак да има.
Подготовка:
1. Зеленчукот го исецкав на тркалца. Карфилот го измив и искинав на мали китчиња. Морковите излупени, миени, па ги исецкав на тркалца. Се помешав во еден голем сад.
2. Во сад на оган ставив вода, оцет, шеќер и сол да зоврие. Никогаш до сега не сум користела винобран и конзерванс, но овој пат ставив онака прстофат и од едното и од другото. Ги додадов во водата што врие. Со течноста ја попарив салатата и ја промешав. Ја покрив и оставив 24 часа. Промешав повремено.
3. Откако помина предвиденото време, ја собрав во чисти тегли и во секоја тегла ставив ловор лист и зрна бибер. Ги затворив добро теглите. Салатата е вкусна и крцкава.
*Забелешка - Посолете и додајте оцет ако не е по ваш вкус