Италијанска пита со домати
Состојки
- 500 граа тестенини
- 300 грама кашкавал
- 2 јајца
- 2 ситно сецкани лукчиња
- 2 ситно сецкани домати
- 5 ситно сецкани домати
Подготовка
Подготовка:
1. Во зовриена вода ги додаваме тестенините да се варат. Време на варење на тестенините треба да биде не подолго од 5 минути. Изборот на тестенини останува на вас, додека за овoј рецепт искористив јуфки. Во меѓу време ги подготвуваме останатите состојки.
2. Доматите ги миеме и ги сечкаме на ситни коцки. Кашкавалот крупно го рендаме. За овај рецепт кашкавалот го избирате по ваш избор. Тој може да биде мешавина од повеќе сорти или од една. Во овој рецепт употребив повеќе видови на кашкавал, со цел секое парче од питата да има различен вкус. Лукот ситно го сецкаме.
3. Кога тестенините ќе бидат готови ги цедиме, и ги претураме во длабок сад. Во нив ги додаваме изматените јајца, сол, мелен црн бибер, вегета и малку масло. Така измешаната смеса ја претураме во сад за печење. Садот може да биде ростер тава или кружна тава за торта како во овој пример. На тој начин питата ќе добие кружна форма, а парчињата тријаголни, при сечењето.
4. Врз тестенините посипуваме рендан кашкавал, врз него сецканите домати, а врз секој домат наросуваме вегета и парче путер, на тој начин доматите ќе бидат крцкави, но нема да се исушат во текот на печењето. Го додаваме лукот, и наросуваме со рузмарин за питата да го истакне својот вкус. Така подготвено, тавата за печење ја ставаме во предходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
5. Доматен сос - Доматите ситно ги сечкаме и ги додаваме во загреаната тава на оган, да се пржат, но без масло. Кога доматите ќе омекнат, го додаваме ситно сецканиот лук, црниот бибер и посолуваме. Постепено додаваме масло и тоа на крајот, со цел за добро да се спои и не исплива на површина. Пржиме уште неколку минути се додека не добие темно црвена боја.
Печената пита ја служиме со доматниот сос.
Добар Апетит!