Испечати

Колач со портокал и мармалад од кајсии - Јубилеен 100ти рецепт

Колач со портокал и мармалад од кајсии - Јубилеен 100ти рецепт

Состојки

  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 100г брашно
  • 200г бадемово брашно (или мелени бадеми)
  • 1 лажица пециво
  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • 180г шеќер
  • 100мл маслиново масло
  • 50г мармалад од кајсии
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Портокалот и лимонот ги ставаме во тенџере со вода (да бидат покриени со вода). Кога ќе зоврие водата намалуваме на пониска температура и готвиме околу 30 минути. Ги вадиме од водата и ги оставаме да се оладат. Кога ќе се оладат ги сечеме на половинки, ги отстрануваме семките и ги обработуваме во процесор за храна или блендер (целосно, сосе кора) додека да добиеме пире.
2. Брашното го мешаме со бадемовото брашно и пецивото.
3. Јајцата ги матиме со солта и шеќерот. Кога ќе станат пенести ја додаваме мешавината од брашно и пециво дел по дел. Потоа го додаваме и маслиновото масло, а на крај го додаваме и пирето од лимон и портокал. Мешаме добро.
4. Ја истураме смесата во калап за печење (24цм). Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Кога е печен колачот го оставаме 10 минути а потоа го вадиме од калапот. Го премачкуваме со мармалад додека е топол. Оставаме да се олади, а потоа поросуваме со шеќер во прав.

Ова е еден од највкусните колачи од овој тип што некогаш го имам правено. Има ровка структура, мек е и мирисен. Интересна комбинација на вкусови, мармаладот од кајсии одлично се вклопува.

На здравје!