Лек за анемија
Состојки
- 1 м.л. Мед
- 1 м.л. Какао (квалитетно, органско)
Подготовка
Овој рецепт е многу стар, ама верувам дека на многумина, кои не го знаат, ќе им се најде, па затоа решив да го споделам и тука. Можам да ви кажам дека освен што е одличен, првенствено за подобрување на крвната слика, супер е и за превентивно подобрување на општото здравје. Какаото има голем процент на железо, па затоа се препорачува како лек главно за анемија, истото може да го конзумирате како топла напивка или во комбинација со мед. Оваа комбинација има повеќе благодети, како на пример - подобрување на крвната слика, има диуретско дејство, ја подобрува циркулацијата, го подобрува расположението, а поради изобилството на антиоксиданси има својство на успорување на стареењето, нега на кожата, косата и уште многу придобивки.
Подготовката е едноставна
1. Се мешаат двете состојки во сооднос 1 спрема 1, односно 1 мала лажичка какао во прав и 1 мала лажичка мед. Мешаме, додека не добиеме хомогена смеса, слично како нутела.
2. Секое утро се јаде оваа мешавина на гладно, и полека се растопува во устата.
Забелешка - Потрудете се да користите мед од проверен пчелар. Исто така и какаото да биде квалитетно и органско. Какаото има многу антиоксидански (повеќе од боровинките, шипинките, црното вино - заедно), повеќе и од зелениот и црниот чај.
БИТНО - Доколку сте алергични на некоја од состојките, немојте да го конзумирате овој лек.
На здравје нека ви е!