Зелник со сирење и јајца
Состојки
- Фил
- 500 гр сирење или изварка
- 3 јајца
- Тесто
- 700 гр брашно
- 500 мл топла вода
- 25 гр свеж квасец
- 1 лајче сол
- Премаз
- 150 гр маргарин
- 100 мл масло
Подготовка
Од оваа количина излегуваат две тави. Eдната е од плехот од шпоретот, другата округлa тава, бр30.
Подготовка:
1. Во сад се става квасец, сол, млака вода и брашно. Се замесува убаво глатко тесто кое се остава на топло да се дуплира.
2. Тестото се дели на 4 топчиња. За една тепсија одат 2 топчиња. Се сука голема кора која се премачкува со маргарин. Се витка во ролат и се остава да одмори. Така се прават и со останатите три теста.
3. Сега се зема едното топче се набрашнува тестото и се сука кора колку тепсијата од плехот. Се префрлува во плехот, кој претходно е премачкан со маргарин. Врз него се става малку масло и половина од филот.
4. Фил - Се дроби сирењето и во него се ставаат јајцата и така се промешува со сирењето. Може да се прави и со изварка, но претходно треба да се посоли.
5. Значи се сука едната кора се реди филот и врз нив се става втората кора. Се сечи зелникот и се остава да стаса на топло. Така се прави и вториот зелник со истата постапка.
6. Се пече на 250С-25мин. Кога ќе биде готово се попрскува со ладна вода и веднаш се покрива со платнена крпа.
На здравје!