Компир манџа со пилешко и спанаќ
Состојки
- 2 парчиња пилешки копан и наткопан
- 1 кромид
- 2 парчиња морков
- 3-4 лукчиња
- 600 гр ситен компир
- 2 домати
- 10-15 големи листа спанаќ
- зачини сув зачин, бибер, ловоров лист, чадена црвена пипер
Подготовка
Подготовка
1. Месото претходно сварете го 10-15 минути и исчистете го од коските.
2. Во тенџере ставете малку масло и кога ќе се загрее ставете го исечканиот кромид да се потпржи. Морковите исечете ги на покрупни парчиња и ставете ги во кромидот. Додајте го и исечканото лукче. 3.Додајте ги и компирите само пресечени на половина. Доматите излупете ги, исечкајте ги и ставете ги во тенџерето. Промешајте и оставете нека пропржи се заедно.
4. Ставете ја водата во која се вареше месото, ставете го и месото, зачинете по вкус и оставете нека вари се додека не се свари зеленчукот (отприлика половина час). Спанаќот додадете го при крајот, претходно измиен и искинат на покрупни парчиња. Нека вари уште 5-6 минути, покријте го тенџерето и исклучете ја ринглата.
На здравје!