Испечати

Зелниче со незапржен праз

Зелниче со незапржен праз

Состојки

  • 250 мл. млака вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 5 лажици масло
  • 300-400 гр. брашно
  • по потреба маргарин
  • фил
  • 1 страк праз (ситно сечкан)
  • 1 лажичка сол
  • 5-6 лажици масло

Подготовка

Ова зелниче се прави едноставно, и ако се оди според редоследот на постапките, верувам нема да згрешите.

Подготовка:

1. Најпрвин, во длабок сад, празот се сечка ситно, се става солта и маслото, се меша со лажица. Нека стои така да омекне од солта и маслото.
2. Во сад во кој ќе се меси, се ставаат млаката вода, маслото, солта, шеќерот и сувиот квасец, се меша и постепено се додава брашното. Се меси, додавајќи брашно, се додека да се добие средно меко нелепливо тесто.
3. Тестото се сечи на 2 дела, помал и поголем. Се зема 1 дел и се рассукува со сукало, се премачкува со маргарин, се витка како ролат, а потоа како полжав. Истото се прави и со другото тесто, и двете се ставаат во фрижидер околу половина час.
4. Потоа се зема, прво, поголемото парче тесто и се рассукува на побрашнета подлога, во кружна кора, малку поголема за тавче бр.28 см. Се пренесува кората во тавчето, претходно премачкано со маргарин,  од која треба да има тесто од страните за витката, и на неа се распоредува празот.
5. Постапката е иста со помалото тесто, кое кога ќе се рассука во кора, се става врз празот и се насобира, се прави витка, одозгора се премачкува со масло и се ставаат мали парчиња маргарин.
6. Рерната се загрева на 200 степени и се пече 25 до 30 минути.

(529)