Торта со наполитанки
Состојки
- 200 гр наполитанки на Винчини
- 200 гр ореви
- 200 гр ресани од портокал
- 500 мл слатка павлака (хопла)
Подготовка
Подготовка:
1. Наполитанките и оревите измелете ги во посебни садови, а ресаните искршете ги со рака. Слатката павлака изматете ја со миксер, од неа тргнете 3 лажици за одозгора, а остатокот поделете ја на 3 дела.
2. Во посебни садови, измешајте ги слатката павлака со наполитанките, слатката павлака со оревите и слатката павлака со ресаните. Наредете ги во округло тавче, прво, измешаните ореви, потоа измешаните наполитанки, па измешаните ресани. На крај премачкајте ја тортата со слатка павлака и украсете со наполитанки, ореви и ресани.
3. Оставете ја 30 минути, во фрижидер, а потоа уживајте во вкусот заедно со добро кафе.
На здравје!