Есенска салата
Состојки
- 1 парче брокула
- 5 лажици сварен наут
- 5 лажици сварен црвен грав
- 1/2 бел дел од праз
- 5 лажици исечкани маслинки
- Балзамико, масло, сол по вкус
Подготовка
Ова е салата која многу често ја подготвувам во ова време и сите ја сакаме.
Подготовка:
1. Наутот и гравот го купувам од Кам, тегла.
2. Брокулата измијте ја и иситнете ја на цветчиња. Количината на состојките прилагодете ја по ваш вкус.
Само зачинете, измешајте и наздравете!