Испечати

Торта од тиква (тикварник)

Торта од тиква (тикварник)

Состојки

  • 1 кг варена тиква, која сакате
  • 2 јајца
  • 1 шолја од 180 мл шеќер
  • 1/2 шолја млеко
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 ванила
  • по желба цимет

Подготовка

Не постои поубаво нешто од вакво врнежливо време во есен, мирисот на дождот на асфалтот, испопаѓани лисја по тротоари и се жолто-портокалово надвор. И уште кога дома е убаво затоплено, па ќе замириса варена или печена тиква, е тогаш е вистинска есен.

Еден од моите омилени десерти во есен, е баш оваа торта од тиква, така си ја викам, а оригиналниот рецепт е од баба ми, и правилното име му е тикварник. Ми нема поубаво нешто.
Состојките се едноставни, мора сите да ги имате дома, па топло ви препорачувам да го пробате овој десерт, и да си го разубавите овој врнежлив есенски период.

Подготовка

1. Јајцата изматете ги со шеќерот, не мора да користите миксер. Додадете млеко, ванила, па тиквата. Измешајте добро се, да изедначите.
2. Потоа додадете го брашното и шеќерот во прав, па измешајте убаво за да добиете мазна смеса без грутчиња.
3. Целата смеса претурете ја во 24 тавче за печење, намрсено и набрашнето. Одзогора посипете со малку брашно, а ако сакате цимет, слободно посипете и од него.
4. Печете на 200 степени во загреана рерна, додека површината на колачот не испука, и целиот да се оддели од рабовите на тавчето. Откако ќе се испече, покријте ја и оставете ја да се излади пред да ја послужите.
*Идеја плус: Jа имам печено и во керамички шолји, така е идеално за послужување на гости.
Добар апетит.