Испечати

Бобгулаш

Бобгулаш

Состојки

  • 400 гр Свинско месо
  • 200 гр Чадено месо
  • 2 Црвени пиперки
  • 4 Компири
  • 300 гр Грав
  • 1 Јајце
  • 1 Кромид
  • 1 главица Лук
  • 1 Морков
  • 1 голем Патлиџан
  • 2 лажици Црвен пипер

Подготовка

Бобгулаш е традиционална манџа на унгарска кујна направено од месо, пушено месо, грав, компири, слатки пиперки, црвен пипер и зачини.

Подготовка:

1. Месо, чадено месо и грав ставете да се вари, додека не се свари.
2. Морковот исечете го на полутркалца, кромидот на коцки, пиперката на коцки, лукот ситно исечете го, патлиџанот на коцки, компирите на коцки. Се ставете во манџа да се вари и додајте лаворов лист.
3. Додека се вари, скршете едно јајце, посолете малку, ставете брашно. Замесете тесто. Тестото штипајте го со рака, на мали парчиња и фрлајте во тенџере да се варат заедно со манџата. Варете додека не се свари тестото. Посолете, додајте црн пипер по вкус.
4. На крај во тавче запржете две лажици црвен пипер и истурете ги во манџа. Магдонос исечете на ситно и ставете го во тенџере. Сервирајте во чинија со ситно сецкан магдонос.
Добар апетит!