Испечати

Ролат со фил од рогач, мелени ореви, суво грозје

Ролат со фил од рогач, мелени ореви, суво грозје

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер+ 2 лажици за во тестото
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 ванила
  • 50гр растопена свинска маст
  • 1 жолчка
  • 150мл топло млеко
  • 1/4 лажиче пециво
  • Околу 300гр брашно
  • Полнење
  • 1 белка+ 2 лажици млеко
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 ванила
  • 1 лажиче цимет
  • 50гр суво грозје
  • 100гр рогач
  • 80гр мелен орев
  • По вкус може плус 2 лажици шеќер во тестото и кора од лимон.
  • За премачкување малку разматено јајце , Шеќер кристал за одозгора

Подготовка

Подготовка:

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, лажиче шеќер, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка ги ставаме квасецот, жолчката, солта, ванила, пецивото, шеќерот и свинска маст.
Промешуваме со вилушка. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно, по малку и лепливо. тесто. Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на топло да се дуплира.
3. Во сад ја ставаме белката, шеќерот, ванилата, циметот, млекото и промешуваме. Додаваме рогач, ореви, и суво грозје, кое може претходно да е потопено во рум.
4. Од тестото сучиме правоаголна кора.. Го нанесуваме полнењето, израмнуваме. Виткаме ролат.
Го поставуваме во долгнавест калап за леб, во кој има хартија за печење. Премачкуваме со малку изматено јајце и посипуваме со шеќер.
5. Оставаме да се одмори 20 минути, па печиме во загреана рерна околу 35 минути на 180 степени. Испечениот ролат го ставаме на кујнска решетка да се излади. Сечиме на парчиња и послужуваме.
На здравје