Посна салата

Состојки
- 150гр сварен кафен грав
 - 2 сварени компири
 - 1 главица кромид
 - 10 ливчиња свежо нане
 - Дресинг
 - 2лажици маслиново масло
 - 2лажици сок од лимон
 - Бибер и сол по вкус
 
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад ги ставаме сецканите компири, исцедениот грав од течноста, сецканиот кромид и сецканото нане. Промешуваме.
 2. Во сад ги соединуваме сите состојки за дресинг. Го нанесуваме врз салатата, лесно промешуваме.
 3. Оставаме во фрижидер 20 минути да се спојат вкусовите, па сервираме.