Испечати

Полнети црни домати

Полнети црни домати

Состојки

  • 3 црни домати
  • 1 главица кромид
  • 1 блага пиперка
  • 1 лута пиперка
  • 600 гр. мелено месо
  • 2 црвени домати
  • 2 чешниња лукче
  • 100-150 гр. рендан кашкавал
  • по вкус и потреба масло, сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, магдонос

Подготовка

Подготовка:

1. Црните домати се мијат и се пресекуваат на пола. Се редат во тава на хартија. Од расечената страна се попрскува масло и сол и се ставаат во рерна да се запечат на 200 околу 30 мин..
2. Во меѓувреме се подготвува филот. Кромидот ситно се сецка и се запржува на плитка мрснотија со малку сол. Се додаваат ситно сецканите пиперки. Кога ќе запржат се додава месото, кратко се запржува, малку да промени боја и се зачинува по вкус. Потоа се додава 1 црвен домат сецкан на коцки и сецканото лукче. Кратко се пропржува се заедно.
3. Доматите се вадат од рерна. Со помош на нож и лажица се отвора средината на доматите, па се полни со филот.
4. Одозгора се става црвен домат сечен. Се наросува магдонос, па рендан кашкавал. Се налева 2 дл. вода и се става во рерна уште некои 30 мин..

На здравје.