Испечати

Авокадо мус

Авокадо мус

Состојки

  • 50 гр темно чоколадо со 70 % какао
  • 1 лажиче кокосово масло
  • За топчиња
  • 90 гр урми
  • 50 гр лешници
  • 1 лажица какао
  • 1 лажиче рум арома
  • Мус
  • 1 авокадо
  • 5 лажици густо кокосово млеко
  • 4 лажици путер од кикиритки
  • 3 лажици агаве сируп
  • 50 гр индиски ореви

Подготовка

Подготовка:

1. Темното чоколадо го ставаме во сад над пареа, да се стопи заедно со кокосовото масло. Со помош на алуминиумска фолија обвиткуваме половина од авокадото, така што ќе формираме половина авокадо надолжно. Правиме такви 2 “калапи”. Секој калап го премачкуваме со стопеното чоколадо. Оставаме во фрижидер да се зацврсти чоколадото. Премачкуваме уште еднаш со стопено чоколадо и ги оставаме калапите во фрижидер, додека да се зацврсти чоколадото.

2. Внимателно ја отстрануваме фолијата и чоколадната лушпа од авокадо ја оставаме во замрзнувач, додека да го спремиме авокадо мусот. Индиските ореви ги ставаме во топла вода да стојат неколку часа. Ги цедиме и ги ставаме во блендер, блендираме. Го додаваме авокадото и кокосовото млеко. Блендираме. Ги додаваме путерот од кикиритки и агаве сирупот. Блендираме. Смесата ја ставаме во фрижидер неколку часа покриена со капак или фолија.
3. Урмите ги ставаме во млака вода да стојат 20тина минути. Ги цедиме и ги ставаме во блендер, блендираме. Ги додаваме лешниците, какаото и рум аромата. Блендираме. Формираме топчиња (доколку смесата ви е многу леплива, формирајте ги со влажни раце). Ги ставаме во замрзнувач, да се стегнат. Од оваа смеса се добиваат 6-7 поголеми топчиња.  Едно употребив за овој рецепт, а останатите си ги јадевме како бомбици.
4. Откако мусот ќе стане густ го ставаме во чоколадната лушпа од авокадо. Со нож ја израмнуваме до работ на чоколадото. Од оваа количина ми останаа неколку лажици од мусот, кој го ставив како фил во бомбици, но може и да се изеди така само со лажица. Оставаме во замрзнувач околу половина час, за да може да се издлаби полутопка колку за “коската”. Во едната половина авокадо ставаме едно кафеаво топче. Послужуваме.