Салата со туна и шарен грав
Состојки
- 200гр шарен грав
- вода, сол, зачин, бибер, кромид, 1 морков за варење
- 1 голема туна во масло, конзерва од парчиња
- 1 мала свежа краставичка
- 5 шери домати
- 1 лута пиперка
- 1 главица кромид
- 10 каламата маслинки
- магдонос, сок од лимон
Подготовка
Подготовка:
1. Прво измиениот грав го накиснуваме во вода да отстои неколку часа. Потоа го вариме на тивок оган заедно со зачините и зеленчукот. Кога е сварен го процедуваме од течноста и го ставаме во сад.
2. Додаваме сецкана краставица, кромид, пиперка, маслинки, половинки шери домати, исцедената туна од маслото, сокот од лимон. Промешуваме, сервираме во сад и наросуваме сецкан магдонос. По желба може да се додаде и маслиново масло