Испечати

Веган бајадера чизкејк

Веган бајадера чизкејк

Состојки

  • Основа
  • 1 чаша лешници
  • 50г какао
  • 3 лажици агаве сируп
  • прстофат сол
  • Светол фил
  • 1 чаша индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
  • 30г путер од лешници
  • 50г кокосово масо (растопено)
  • 30мл јаворов сируп
  • 30мл вода
  • Темен фил
  • 2 чаши индиски ореви (омекнати во вода преку ноќ)
  • 60г путер од лешници
  • 100г кокосово масло (растопено)
  • 60мл јаворов сируп
  • 50г какао
  • 60мл вода
  • прстофат сол

Подготовка

Веган чизкејк ми е еден од омилените десерти моментално. Многу е лесен за подготовка (буквално се подготвува во блендер), многу е вкусен, а згора на тоа е и здрав.

Подготовка:

1. Сите состојки за основата ги обработуваме во процесор, додека не се сомелат убаво лешниците. Смесата ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк (20х10цм) и оставаме во фрижидер.
2. Го обработуваме сите состојки за светлиот фил во блендер, додека не добиеме совршено кремаста смеса, без грутчиња. Зависно од блендерот, може да биде потребно подолго време, за да се постигне овој ефект, но многу е важно да биде се убаво изедначено и мазно.
3. Во чист блендер ги обработуваме сите состојки за темниот фил, додека не добиеме сосема мазна смеса.
4. Една третина од темниот фил ја истураме во калапот врз основата и оставаме во замрзнувач 1 час. Потоа додаваме половина од светлиот фил, па повторно оставаме во замрзнувач да се стегне околу 1 час. Додаваме уште една третина од темниот фил, па светлиот и завршуваме со темниот фил на истиот начин. Оставаме во замрзнувач преку ноќ.
5. Го вадиме калапот од замрзнувач и го оставаме во фрижидер барем 2 часа пред послужување. Потоа може да го чуваме во фрижидер, не мора да се враќа во замрзнувач.
Многу е вкусен и кремаст. На здравје!

*чашата е од 250мл
*јас користев комбинација од агаве и јаворов сируп, но може да се користи само еден од овие два засладувачи и во количина прилагодена по ваш вкус
*може да се направи и само во два дела - прво едниот, па другиот фил за поедноставување и убрзување на постапката.