Бомбици со рум
Состојки
- 1лажица рум
- 50мл млеко
- 60гр путер
- 60гр чоколадо, црно
- 60гр шеќер во прав
- 70гр печени, мелени лешници
- 80гр мелени бисквити
- растопено бело и црно чоколадо за декорација
Подготовка
Подготовка:
1. Во мал сад, на тивок оган, ги ставаме да се соединат млекото, чоколадото, путерот, шеќерот во прав. Нека провријат само 1 минута и садот се трга од оган. Се додава румот и се промешува. Се додаваат мелените лешници и мелените бисквити. Убаво смесата се изедначува и се остава во фрижидер да се излади, околу 30 минути.
2. Потоа се формираат бомбици. Прво се потопуваат во растопено црно чоколадо. Па се декорираат со растопено бело чоколадо. Се сервираат и дегустираат.