Испечати

Бомбици со јаболка (посно)

Бомбици со јаболка (посно)

Состојки

  • 1 кг Јаболка
  • 400 гр Шеќер
  • 190 гр Маргарин
  • 100-120 гр Ореви (сецкани)
  • 500 гр Бисквити (мелени)
  • За увалување на бомбиците - кокос

Подготовка

Превкусни бомбици, кои често се наоѓаат на нашата трпеза, особено во посни денови. Количински испаѓаат многу (околу 80-90 бомбици) секако зависно од големината. Најчесто кога ги правам, дел од нив си замрзнувам, па ми се наоѓаат за ненадејни гости или пак за наше заблажување. Едноставни за припрема, а превкусни за јадење. Пробајте ги.

Подготовка:
1. Јаболката (измиени, излупени и рендани на крупната страна од рендето) ги ставаме во тенџере заедно со шеќерот, и ги пржиме се додека да испари течноста што ќе ја пуштат.
2. Потоа го додаваме маргаринот, мешаме да се стопи. Сега ги додаваме и оревите, соединуваме. Оваа добиена смеса ја тргаме настрана малку да се излади.
3. Потоа ги додаваме мелените бисквити. Месиме убаво и формираме бомбици.
4. Бомбиците ги валкаме во кокос.

Совет - За љубителите на цимет, кој одлично се вклопува со јаболката, додадете кај ренданите јаболка и цимет (по вкус).

На здравје!