Испечати

Солени мафини (со ајвар)

Солени мафини (со ајвар)

Состојки

  • 3 Јајца
  • малку Сол
  • 100 мл Масло
  • 200 мл Јогурт
  • 200 гр Брашно
  • 70 гр Царевно (пченкарно) брашно
  • 1 Пециво
  • 100 гр Шунка (сецкана)
  • 3-4 г.л. Урда
  • 2 г.л. Ајвар
  • За премачкување на калапот за мафини - малку маргарин.
  • За поросување на калапот за мафини - малку сусам.

Подготовка

Превкусни мафини, многу често застапени кај нас за појадок, овојпат направени за ужинка на моите дечиња за на училиште.

Подготовка
1. Во длабок сад кратко ги матиме јајцата со солта, потоа ги додаваме маслото, јогуртот, и на крај белото брашно и пченкарното брашно (претходно просеани и соединети со пецивото).
2. Смесата се соединува убаво, па ги додаваме сецканата шунка и урдата.
3. Добиената смеса ја делиме на 2 дела. Во едниот дел додаваме 2 лажици ајвар.
4. Во калапот за мафини (претходно премачкан со маргарин и поросен со сусам) ставаме пола од смесата со ајвар, пола од белата смеса (ги полниме 2/3).
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени.

*Забелешка - Како додатоци може да употребите состојки по ваш избор и вкус, на пример сецкани маслинки, сирење, магдонос, кисели краставички, блитва, спанаќ, варен морков.
Од оваа доза испаѓаат 18 мафини како на сликата.

На здравје!