Испечати

Чоколаден куглоф со мача

Чоколаден куглоф со мача

Состојки

  • Чоколадно тесто (суви состојки)
  • 1 ипол чаша брашно
  • пола чаша какао
  • 1 ипол лажичка пециво
  • пола лажичка сол
  • Мача тесто (суви состојки)
  • 1 ипол чаша брашно
  • 3 лажици мача
  • 1 ипол лажичка пециво
  • пола лажичка сол
  • Течни состојки
  • 200г путер (собна температура)
  • 3 јајца (собна температура)
  • 2 чаши млеко (собна температура)
  • Останато
  • 3 чаши шеќер
  • 1 лажичка ванила
  • 50г омекнат путер (за премачкување на калапот)
  • 1-2 лажици какао (за поросување на калапот)
  • Глазура
  • 100г бело чоколадо (ситно сецкано)
  • 100мл слатка павлака
  • 1-2 лажички мача
  • малку сецкани фстаци

Подготовка

Подготовка

1. Ги мешаме сувите состојки за чоколадно тесто во подлабок сад. Во посебен сад ги мешаме и сувите состојки за мача тестото.
2. Путерот го матиме со шеќерот. Ги додаваме јајцата, едно по едно, со постојано матење. Потоа ги додаваме и млекото и ванилата. Смесата ја делиме во два посебни садови. Во едниот сад ги додаваме сувите состојки за чоколадното тесто и матиме убаво. Во другиот сад ги додаваме сувите состојки за мача тестото и мешаме убаво.
3. Во убаво намрсен и поросен со какао калап, го додаваме тестото наизменично, две-три лажици од чоколадното, па две-три лажици од мача тестото. Калапот го полниме 3/4 (да има 2-3цм празен простор до врвот). Со нож или стапче за ражничи поминуваме низ тестото со кружни движења.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час (проверете со чепкалка, треба да излезе чиста). Оставете го колачот 10тина минути во калапот, а потоа извадете го на решетка да се излади целосно.
5. За глазурата загрејте ја слатката павлака со мачата и истурете ја врз чоколадото. Оставете 5 минути а потоа мешајте додека чоколадото целосно да се растопи. Оставете ја глазурата да се олади до собна температура, а потоа посипете ја врз изладениот колач. Јас додадов и неколку сецкани фстаци за декорација.

На здравје!

*чашата е од 250мл
*зависно од големината на калапот за куглоф може да ви остане дел од тестото. Мене ми остана точно за да наполнам две калапчиња за мини куглоф, а може доколку има остаток да се пече и во калапчиња за мафини.