Испечати

Ролат со мелено месо и готови кори

Ролат со мелено месо и готови кори

Состојки

  • 1 пакување готови кори
  • 500 гр мелено месо
  • 1 лажичка мешан зачин Густо
  • 1 кесичка Ома прашак за пециво
  • 100мл масло за готвење Ле Бон
  • 3-4 лажици Фих за шпагети болоњезе
  • 100 мл кисела вода
  • сусам
  • куркума
  • 4-5 лажици кечап
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца

Подготовка

Превкусна пита, или ролат со готови кори и мелено месо, која се прави многу брзо, а уште побрзо се јадe. 

Подготовка:

1. Најпрво го пржиме кромидот, го додаваме меленото месо, мешаниот зачин. Исто така јас секогаш додавам и од Фиксот за болоњезе шпагети, оти му дава на месото многу поубав и поизразит вкус. Откако е готово, ја додавам куркумата и кечапот и се промешувам, додека не се изедначи смесата.
2. Во меѓувреме правиме смеса од киселата вода, плус маслото и го додаваме и прашакот за пециво.
Започнуваме со правење на ролатот. Една кора ставаме, ја попрскуваме со течноста, ставаме втора кора и неа ја попрскуваме, и на секоја трета јас ставам од месото. Потоа од горе ја повторуваме постапката, односно во еден ролат користам јас по 6 кори. Ја повторуваме оваа постапка, додека не ги искористиме корите и месото.
3. Штом ролатите се готови, од горе ги премачкуваме со изматено јајце, и наросуваме со сусам. Печеме во загреана рерна околу 25-30 минути, додека не поруменат убаво. Јас секогаш, штом се готови, од горе ги премачкувам со маргарин, некако ми добиваат поубав вкус.