Испечати

Премаз за пиле

Премаз за пиле

Состојки

  • 1 лажица сенф
  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажици сладок чили сос
  • 3 лажици соја сос
  • 3 чешниња толчен лук (може и лук во прав)
  • 1 лажица вегета
  • малку црн бибер и оригано

Подготовка

Премазов си го смислив самата и е одличен. Најважен дел во нанесувањето е пилето да е добро исушено, за таа цел, користете хартиени бришачи и убаво истапкајте го целото пред да го премачкате.

1. Нанесете го премазот низ целата површина и во внатрешноста на пилето. Искуството ми покажало дека кога нанесувате премаз на месото, тоа побрзо гори. Затоа најдобро е да го печете покриено со фолија или со хартија за печење. Ќе зарумени исто, а нема да загори.

2. Во текот на печењето, убаво е да го премачкате пилето уште 1-2 пати со истиот премаз, а доволно е да го превртите од другата страна само еднаш. Масло и вода не додавам во печењето, зашто истите ги испушта самото пиле во текот на печењето. Температурата на печење е 200 степени околу 90 минути.