Испечати

Џем од модри сливи

Џем од модри сливи

Состојки

  • 5 кг модри сливи
  • 200 гр шеќер
  • 150 мл рум

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво убаво се мијат сливите. Потоа се вадат семките и така на половинки се редат во плех од рерна.
2. Се печат 2 часа, на 180С со повремено мешање. После 1 час печење се додава шеќерот и се печи уште еден час .
3. Кога ќе ја исклучиме рерната тогаш го додаваме румот и уште еднаш мешаме со дрвената лажица и го оставаме да постои во исклучена рерна уште 10мин.
4. Во чисти топли и стерилни тегли, се става врелиот џем, се затвора со капаче и се враќаат во топлата рерна да стојат до наредниот ден. Така ќе се вакумираат.
Има малку шеќер, но ние така го сакаме. Преубав со богат вкус, а некогаш му ставам само 2 лажици шеќер и така е убав.