Медицинска салата (нелута)
Состојки
- 1,5 кг. везени пиперки (нелути)
- 2 кг. моркови
- 100 гр. сол (хималајска)
- 6 лажици шеќер
- 3 таблети Аспирин од 500 мг.
- 750 мл. бел оцет
- 1 киска магдонос
- 2 главици лук
- 300 мл. масло
- 2-3 мали лути пиперчиња (по желба)
Подготовка
Оваа салата во оригинална форма треба да е со лути везени пиперки, со екстремно лут вкус, но поради комсументите јас ја правам со нелути везенки. Рецептот е од старите комшиски тетратки, зимско мезе.
1. Везените пиперки се мијат и се цедат. Не се печат на класичен начин, туку само малку се потпекуваат да омекнат бидејќи не се лупат. Се сечкаат на парчиња и се ставаат во поголемо тенџере.
2. Морковите се чистат и се обаруваат колку да омекнат малку, се ладат, се сечкаат на кругови и се ставаат во пиперките.
3. Таблетите аспирин се толчат и се мешаат со оцетот, и ова се става во тенџерето.
4. Во тенџерото се ставаат и останатите состојки - исечканиот лук и магдонос, шеќерот, солта и маслото. Сето ова се меша убаво, се става капакот од тенџерето и се остава да отстои преку ноќ, се собира во тегли другиот ден.
Забелешка
* Аспиринот има улога на конзерванс.
* Зависно од тоа кој како сака може да го подеси вкусот за луто.
* Овие количини се за 1 доза и излегуваат 4-5 теглички.
(526)