Испечати

Бурек

Бурек

Состојки

  • 1 пакување кори за пита Густо (400г)
  • 300 г мелено месо запржено со 1 главица кромид
  • зачини 1 лажиче сол и црн бибер
  • 1 лажица павлака Бела Фарм
  • 1 лажица бело брашно Камко
  • 1/2 лажиче прашок за пециво Ома
  • 50 мл масло Ле Бон плус уште малку за запржување на месото
  • 200 мл обична вода (ако имате газирана уште подобро)

Подготовка

Корите од Кам ги користам за бурек веќе подолго време, а со нив имам правено и баклава и мали ролнички со фил - секако ги бидува во секоја варијанта. Буреков ми е на мени секој месец и се јади со сласт и апетит и е многу близок и во вкус и во изглед на купечкиот, а децата ми велат дека е дури и поубав. Не е тежок за јадење и што е најважно, не е мрсен. Бидејќи го печам во Делимано тава, никогаш не ми се има залепено и покрај тоа што не ја подмачкувам тавата.

Пoдготовка:

1. Подгответе го месото. Запржете го исечканиот кромид на малку масло и додадете го меленото место. Пржете го додека не ја промени бојата во кафеава. Додадете црн бибер и сол. Измешајте убаво и пробајте дали е доволно солено.

2. Пoдгответе ја течноста за попрскување. Измешајте ја водата со брашното и пецивото, додадете павлака 1 лажица и масло. Измешајте убаво.

3. Во тавата број 28, можи и 26 да користите, ставете 2 кори, да висат со рабовите надвор. Потоа ставете, едно до едно, 3 згужвани кори. Попрскајте ги убаво со течноста и ставете 1/3 од филот. Повторете ја постапката уште 2 пати. На крај ќе ви останат 2 кори, во пакетчето има 13 кори. Ставете ги одозгора двете гори, попрскајте, затворете го бурекот со корите кои висеа надвор и прелејте го со останатата течност.
4. Печете на 200 степени околу 35 минути. После печењето, превртете го врз хартија за печење или врз даска и послужете го по неколку минути додека е топол. Комбинирајте со чаша Бела Фарм јогурт.

На здравје!