Испечати

Пица со тесто од хељда

Пица со тесто од хељда

Состојки

  • тесто
  • 120 гр хељда ( сурова ) / 360 гр после киснење
  • 1 јајце
  • 100 мл вода
  • 1 мала главица кромид
  • 4 лажици мелено ленено семе
  • 4 лажици мелени семки од тиква
  • 12 лажици овесно брашно
  • 1 лажиче лук во прав
  • 1 лажиче оригано
  • ½ лажиче сол
  • 1 лажица маслиново масло
  • Фил
  • 6 лажици доматно пире
  • 1 лажица оригано
  • 250 гр рендан кашкавал
  • 30 шери домати
  • 2 пиперки
  • 15 маслинки
  • 1 мала главица кромид

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ја ставаме хељдата, претходно измиена со ладна вода. Додаваме вода да се прелие и ја оставаме околу 10 часа да отстои.
2. Во блендер го ставаме кромидот исечен на четвртинки, блендираме. Хељдата ја цедиме. Ја додаваме во блендерот. Ги додаваме и јајцето и водата. Блендираме.
3. Смесата ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме солта, ориганото, лукот во прав, маслиновото масло мелените семки од тиква и меленото ленено семе. Мешаме со лажица. Во смесата го додаваме овесното брашно. Промешуваме.
4. Во плех обложен со хартија за печење, ја распределуваме подеднакво смесата. Печиме во загреана рерна на 180 степени 10 минути. Го вадиме плехот и врз тестото премачкуваме со доматно пире и го додаваме ориганото. Го додаваме ренданиот кашкавал , па врз него ги редиме сецканите пиперки, кромид, маслинките и шери доматите. Печиме на 180 степени уште 15 минути.
• Филот може да биде со состојки по ваша желба