Роло пита со фил од праз, црн домат и сирење
Состојки
- 500гр готови кори
- За премачкување
- 2 јајца
- 1лажиче сол
- 1/2лажиче црн бибер
- 1лажица брашно
- 1 пециво
- 60мл сончогледово масло
- 250мл кисела вода
- 200гр рендано бело, кравјо сирење
- Фил
- 3 страка праз
- 1 поголем црн домат
- сол, бибер, масло
- сусам, семки од сончоглед
Подготовка
Фантастичен оброк. Пробајте го
Подготовка:
1. Прво во една тава го пржиме сецканиот праз со масло. Повремено промешуваме.
2. Во друга тава ставаме масло и го додаваме излупениот, па сецкан на коцки, црн домат. Од кога ќе изладат двете тави ги соединуваме состојките, па додаваме сол и бибер.
3. Во друг длабок сад ги соединуваме сите состојки за премачкување. Сега земаме прва кора, расфрламе од преливот или мачкаме со четка. Врз неа ставаме втора кора, прелив, па трета кора, прелив. Може да се редат и по 4 кори во еден ролат.
4. Сега на почеток на кората ставаме од филот. Ставаме во тава за печење. Постапката е иста со целиот материјал. Ќе ни останат уште,4, 5 лажици од преливот. Со нив одозгора ги премачкуваме ролатите. Ставаме сусам, семки од сончоглед...
5. Печиме околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени, убаво да за румени.
Оставаме во плехот 10 минути, па внимателно ги вадиме ролатите на решетка да се изладат. Сечиме на парчиња и ги послужуваме со чаша јогурт.
Значи вкупна количина на масло треба да биде 120,130 мл
Половина оди во премазот, а половина за пржење на зеленчукот.