Пита со афион
Состојки
- Тесто
- 300г брашно
- 1 лажичка пециво
- прстофат сол
- 130г крем сирење
- 80г шеќер
- 6 лажици млеко
- 5 лажици масло за јадење
- Фил
- 250г афион
- 100г шеќер
- 80г путер
- 100мл млеко
- 1 јајце
- 50г суво грозје
- малку рендана кора од портокал
- Друго
- јајце за премачкување
- малку шеќер во прав
Подготовка
Подготовка
1. За филот во тенџере на оган ги загреваме путерот и млекото додека путерот не се растопи. Во друг сад ги мешаме афионот и шеќерот и врз нив го истураме загреаното млеко со путер. Мешаме добро, додаваме малку кора од портокал и суво грозје и оставме да се олади. Кога ќе се олади го додаваме и јајцето.
2. Во подлабок сад ги мешаме брашното, пецивото, шеќерот и солта. Ги додаваме крем сирењето, маслото и млекото и формираме тесто. Го делиме тестото на 3 дела (1 малку поголем и два еднакви дела).
3. Поголемиот дел од тестото го расукуваме во кора со пречник малку поголем од калапот за тарт што ќе го користиме (23цм). Ја префрлуваме кората врз калапот, ја местиме убаво на дното и од страните, го отстрануваме вишокот тесто. Врз првата кора додаваме половина од оладениот фил. Потоа ја расукуваме втортата кора со пречник колку калапот и ја местиме врз филот, па врз неа го додаваме и вториот дел од филот. Третиот дел од тестото го расукуваме во кора, сечеме ленти со дебелина по желба и ги редиме врз филот.
3. Ги премачкуваме лентите од тесто со разматено јајце и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути (додека не зарумени убаво).
4. Откако ќе се олади, поросуваме со шеќер во прав.
На здравје!